Фото: NLB ABA League 2/Twitter

АБА 2: ТФТ до трета победа

ТФТ Скопје денес дојде до третата победа во АБА 2 лигата откако во Бања Лука славеше над Осјек со 74:70.

Македонскиот претставник одлично го започна натпреварот и во првата четвртина направи 13 поени предност (19:6). Највисоката предност ТФТ ја имаше на крајот на третиот период кога поведе со 16 поени разлика 61:45.

Сепак, таа висока предност како да ги опушти кошаркарите на македонскиот тим, па одиграа лоши десет минути и Осјек успеа да дојде до неизвесна завршница. Во клучните моменти ТФТ беше подобриот тим и не дозволи целосен пресврт па славеше важна победа.

Најефикасен беше Батри ксо 24 поени, Андерсон постигна 11, Николов 10, додека кај Осијек Брадфорд уфрли 22 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот