А.М. ХЕЛТ КОРНЕР, општествено одговорен угостителски објект во центарот на Штип

Неодамна на нашиот официјален инстаграм-профил @slobodenpecat, сосема спонтано и автентично – на ваше барање, а на наше задоволство – започнавме иницијатива за поголема видливост на традиционалните медиуми преку понуда за читање весници во македонските угостителски објекти.

Еден од првите угостителски објекти кои се приклучија на иницијативата на Слободен печат е „А.М. Хелт корнер“ (А.М. Health corner), добропозната локација за локалците, но и сите други посетители во градот кои итаат во ова место по квалитетни и здрави опции за храна, но и одлични пијалаци. Во продолжение ќе дознаете повеќе за ова одлично место во центарот на градот.

„А.М. Хелт корнер“ – Место во кое доручек се јаде и на пладне, а ќе се вратите по превкусна, квалитетна здрава храна

ам хелт корнер
Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Нашата прва посета во „А.М. Хелт корнер“ беше во утринските часови, кога градот се буди. Пристигнавме во убав, простран објект во кој се внимава на деталите и се’ е уредено во префинет, модерен стил. Многу убав впечаток ни остави што нашата иницијатива совршено се вклопува во ентериерот на местото, затоа што сопственикот Дејан веќе овозможил простор за читање во објектот со поставување на полица полна книги за читање. Браво!

ам хелт корнер
Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Додека го истражувавме богатото мени, се одлучивме за шолја чај и веднаш бевме пријатно изненадени од начинот на кој бевме послужени.

ам хелт корнер
Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Во „А.М. Хелт корнер“ има толку голем избор за оброци, што навистина имавме дилема во носењето одлуки. Местото има широка понуда на продукти базирани на природни, органски и сирови продукти подготвени со природни засладувачи, како агаве и мед.

Ова е идеално место за здрав доручек, па можете да вкусите одлична чиа, гранола, овесна каша, отворени сендвичи со домашно приготвени намази од авокадо, маслинки, хумус… Изборот е фантастичен.

„А.М хелт корнер“ има голем избор на вкусни, здрави салати и оброци полни нутритиенти и протеини
ам хелт корнер
Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Кроасан со овошје и кафе во „АМ хелт корнер“
ам хелт корнер
Фото: Слободен печат – Драган Митрески

За оние кои сакаат да уживаат во слатките задоволства без грижа на совест, „А.М. Хелт корнер“ во своето мени има превкусни десерти со разни јатки, црно чоколадо, кокосово млеко и масло, а засладувачите во десерите, како што веќе напоменавме и за другите продукти, се исклучиво од природно потекло.

Проетински палачинки во „АМ хелт корнер“
ам хелт корнер
Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Чоколадна торта со ф’стак во „АМ хелт корнер“

Доколку сте во Штип и во потрага по квалитетна услуга и одлична атмосфера, „А.М Хелт корнер“ е идеално место во кое може да се дружите, но и да појдете во соло-посета. Ова урбано место има одлична атмосфера за доручек, пауза од работа, бранч, а комфортот го прави и идеално место во кое може да работите, како и да прочитате што има ново во Македонија и светот со нивната понуда на весникот Слободен печат за сите посетители.

ам хелт корнер
Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Особено ни се допаѓа што ја споделуваме информацијава за сите љубители на омлет и слични оброци стандардни за доручек, е тоа што само тука можете да ги нарачате и надвор од стандарното време, односно може да јадете доручек се’ до 18 часот!

При нашата посета, вкусивме одлична чиа, а следен пат ќе го пробаме нивниот кус-кус оброк.

Чиа во „АМ хелт корнер“

Исто така, во „А.М. хелт корнер“ можете и да си купите од нивниот 100% природен путери од кикирики, идеален за многу здрави рецепти, но и како закуска со овошје или едноставно на парче леб.

Сопственикот Дејан сподели со нас дека мисијата на тимот на „А.М. Хелт корнер“ е здрава храна и пијалаци кои не само што се вкусни, туку и добри за здравјето на сите посетители. Целта им е да овозможат свежа и здрава храна, особено во „А.М.“ часовите од денот. Бевме, пробавме и се уверивме дека се доследни на своите принципи, затоа имате најтопла препорака да го посетите ова место кога и да ве носи патот накај Штип!

П.С. Утре во „А.М. Хелт корнер“ го прославуваат нивниот прв роденден. Поканети се сите љубители на здравата и вкусна храна, а официјалната покана и роденденска агедна е достапна ТУКА.

ЛОКАЦИЈА: Улица Генерал Михајло Апостолски 23, Штип
РАБОТНО ВРЕМЕ: 07:30 – 23:00 часот

СЕ ЧИТАМЕ ВО „А.М. ХЕЛТ КОРНЕР“!

Тука се чита весникот Слободен печат: МАПА на општествено одговорни угостителски објекти низ Македонија

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот