83-годишен жител на Кадино се степал со 65-годишна соселанка

Пензионерска физичка пресметка се случила вчера напладне во скопското село Кадино, каде се степале 83-годишен маж и 65-годишна жена, соопшти МВР.

„На 28.05.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Кадино, скопско, околу 10 часот, по претходно нерасчистени имотно правни односи бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.П.(83) и 65-годишната В.П., двајцата од с.Кадино. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот