Пари, денари / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

70-годишен измамник ѝ однел 400 евра на наивна жртва

Измамник од Виница, кој живее во Скопје, успеал со неуверлива приказна да убеди жртва да му даде 400 евра, соопшти МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Е.Б.(70) со живеалиште во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 03.03.2025 пријавениот измамил едно лице за сума од 200 евра и 12.000 денари на начин што лажно му се претставил како прекупец на злато и побарал од него да му даде парите да ги покаже на лице од Република Турција, кое продавало злато, за да види како изледа македонскиот денар. Откако не се вратил, оштетениот сфатил дека е измамен и настанот го пријавил“, пишува во полицискиот билтен.

Крвав судир со ножеви во Чаир – тројца се ранети, меѓу нив и 14-годишно момче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот