Собрание - учесници на „Визер скопски маратон 2025“ / Фото: Собрание

64 пратеници и службеници од Собранието трчаа на скопскиот маратон

Македонското Собрание соопшти дека на денешниот „Визер скопскиот маратон“ учествувале со вкупно 64 претставници – пратеници и службеници.

Тие, како што е наведено трчале во неколку дисциплини: полумаратон, штафета и трка на 5 километри.

На штафетата, Собранието било претставено од 2 екипи, на полумаратонот трчале 6 претставници, додека во трката на 5 километри учествувале 50 претставници на законодавниот дом. Целта им била да покажат институционална отвореност кон граѓаните, солидарност, како и промоција на здрави навики.

„На штафетата, Собранието беше претставено од 2 екипи, додека на полумаратонот трчаа 6 претставници. Во трката на 5 километри учествуваа 50 претставници на Собранието. На штафетата, Собранието беше претставено од 2 екипи, додека на полумаратонот трчаа 6 претставници. Во трката на 5 километри учествуваа 50 претставници“,се вели во соопштението на Собранието.

Македонецот Дарио Ивановски во машка и Кенијката Ирине Џеруто во женска конкуренција се победниците на годинашниот 21. „Визер скопски маратон“.

ФОТО | Дарио Ивановски го освои Скопскиот маратон

Во полумаратонската трка најбрзо време истрчаа Албион Имери во машка и Греса Бакрачи во женска конкуренција.

Во женска конкуренција, на полумаратонската трка победи Греша Бакрачи од Косово.

Во најмасовната трка на пет километри, на која на стартот се појавија околу 10 000 учесници, победија Григоријан Никовски и Ирма Хајдари.

Во штафетниот маратон – ЕУ за спорт, победата во машка конкуренција ја однесе екипата „Врањски маратонци“ со време од 2:26:34 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот