Instagram

17-годишна тинејџерка ги има најдолгите нозе на светот: Високите жени ќе сфатат дека висината е подарок

Ученичка од Тексас собори два рекорди за Гинисовата книга – едниот за најдолги женски нозе, а другиот за тинејџерка со најдолги нозе на светот.

Instagram

Според Гинис, леватa нога нa 17-годишната Маци Курин е со димензии 135,267 см, додека нејзината десна нога е со димензии 134,3 см.

Instagram

Во видеото објавено на Јутјуб, мајката на тинејџерката зборува за тоа како на рана возраст сфатила дека нејзината ќерка е повисока од нејзините врсници.

– Претпоставувам дека некој ген е одговорен за нејзината висина – рекла таа.

Instagram

Курин е висока дури 208 сантиметри, нејзиниот брат е висок 193 см, додека нејзината мајка е висока 170 см.

Во втора година средно училиште престанав да се грижам што мислат луѓето за мене. И штом престанав да се грижам, повеќе ништо не ме погодуваше – изјавила Курин за Гинис.

Тинејџерката сега ги користи социјалните мрежи за да ги инспирира другите да ја прифатат својата висина. Има повеќе од 1,7 милиони следбеници на ТикТок и повеќе од 50.000 на Инстаграм.

Се надевам дека високите жени ќе сфатат дека висината е подарок. И дека не треба да се срамите што сте високи. Треба да го прифатите тоа – рекла Курин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот