17-годишен скопјанец го расекол со нож сопствениот татко

Рано вчераутро, 17-годишно момче од Скопје го расекло со нож сопствениот татко во семејниот дом, соопшти МВР.

„На 06.09.2025 во 09:10 часот во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 06:18 часот во семејниот дом во Скопје, со нож му нанел повреда на неговиот 51-годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот