Универзитетот Харвард / Фото: Jacob Rus / Wikimedia Commons

Администрацијата на Трамп воведува нови финансиски ограничувања на Харвард

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе дополнителни ограничувања за пристапот на најстариот и најпрестижниот универзитет во САД, Харвард, до федерални средства, што е нова епизода во неговата борба.

Министерството за образование соопшти во петокот дека го ставило Харвард под „засилен мониторинг на средствата“ поради „растечките загрижености за неговата финансиска состојба“.

Според Министерството, тој статус бара од универзитетот да користи сопствени средства за да им помогне на студентите пред да може да ги поврати тие износи од државата.

„Студентите сè уште ќе имаат пристап до федерално финансирање, но Харвард ќе мора да ги покрие почетните плаќања за да се осигури дека универзитетот одговорно ги троши јавните средства“, се вели во соопштението.

Министерството, исто така, бара од Харвард „прифатлива финансиска гаранција“ – „неотповиклив акредитив за 36 милиони долари или повеќе“.

Во друг сличен случај, Харвард соопшти дека почнал да добива дел од вкупно 2,6 милијарди долари федерални средства откако судија во Бостон, каде што се наоѓа Харвард, на 3 септември нареди да се укине замрзнувањето на финансирањето од страна на владата на универзитетот.

Администрацијата на Трамп тврди дека универзитетот е „жариште на идеологијата WOKE“ за инклузивност против која се бори Трамп и дека не успеал соодветно да ги заштити еврејските студенти за време на пропалестинските протести на Харвард.

Сепак, судијата оцени дека администрацијата на Трамп „го користи антисемитизмот како завеса за чад“ за „идеолошки мотивиран“ напад врз Харвард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот