Вработени 155 здравствени работници во тетовската болница

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети тетовската болница каде ги извести 155-те хонорарци дека е решен нивниот проблем со трајното вработување. Нагласи дека останува уште административното тестирање на вработените.

„Денес сме во Тетово токму за оваа работа – да поразговараме со 155-те вработени кои сега се дел од институцијата со полно работно време. Многу сме среќни што ќе бидат дел од здравствениот систем во Тетово, затоа што уште еднаш ќе нагласам, без соодветен обучен човечки капацитет, здравствените институции не можат да обезбедат навремени и квалитетни услуги за граѓаните“, изјави Алиу.

Тој рече дека за да биде компатибилна и да нуди услуги, една институција има три неопходни столба – едниот е инфраструктурен, вториот е организациски и третиот е човечкиот фактор, за кој, како што нагласи, веруваат дека е најважен, затоа и инвестираат во подобрување на капацитетот на здравствените институции.

„Задоволство ми е што токму првата средба ми беше тука со колегите, кои имаат еден од највиталните нерешени проблеми, а тоа е вработувањето. Некои од нив работеа и по 10 години, а други по месец или година, беа и без плата, за да бидат дел од институцијата“ рече Алиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот