
Анкетите предвидуваат пораз на партијата на британскиот премиерот Сунак на претстојните избори
Три британски истражувања на јавното мислење предвидуваат сигурен пораз на Конзервативната партија на премиерот Риши Сунак на претстојните парламентарни избори, при што едно дури објави дека ториевците се пред „изборно исчезнување“, пренесува „Н1“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Анкетите беа објавени една недела откако конзервативците и лабуристите ги објавија своите манифести, и непосредно пред гласачите да почнат да добиваат гласачки ливчиња по пошта, пренесува Ројтерс.
Истражувачката агенција „Саванта“ објави дека Лабуристичката партија на Кир Стармер ќе има дури 46 отсто од гласовите, што е за два отсто повеќе во споредба со претходната анкета пет дена претходно, додека поддршката за конзервативците паднала за четири отсто, на 21 отсто. Анкетата беше спроведена од 12 до 14 јуни за Сандеј Телеграф.
„Нашето истражување сугерира дека овие избори би можеле да бидат ништо помалку од удар за Конзервативната партија“, рече директорот за политички истражувања на Савана, Крис Хопкинс.
Анкетата објавена од Сандеј Тајмс предвидува дека конзервативците би можеле да освојат само 72 од 650 места во Долниот дом, што е најниско во нивната речиси двовековна историја, додека лабуристите ќе освојат 456 места. Нивното истражување беше спроведено од 31 мај до 13 јуни.
Третата анкета, спроведена од „Опиниум“ за Сандеј Обсервер, беше спроведена од 12 до 14 јуни и покажа дека лабуристите имаат 40 отсто, конзервативците 23 отсто, а реформистите 14 отсто.