1/3 од жителите на Земјата немаат пристап до интернет

Речиси 1/3 од жителите на Земјата (2,6 милијарди луѓе) немаат пристап до интернет и за да се обезбеди таква врска низ целиот свет, ќе бидат потребни речиси 3 трилиони долари, пресмета Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ) за OOH. Извештајот „Акционен план за човечка поврзаност“ истакнува дека главните фактори се социјалните и економските услови на различните региони.

На пример, во 2024 година, огромен дел – 93% од населението на земјите со високи приходи, користело интернет, што е речиси идентично со бројот на корисници во Македонија со пристап до интернет околу 91 отсто. Во исто време, овој процент е 27% во земјите со ниски приходи и целта е да се надмине овој јаз. „На светот му се потребни 2,6-2,8 трилиони долари за целосно поврзување на човештвото до 2030 година. Оваа сума е речиси пет пати поголема од последната проценка направена во 2020 година“, рече инжинерот Хаитам Ал-Оксали. Околу половина од потребната сума ќе оди за инвестиции во физичка инфраструктура. Покрај изградбата на оптичка мрежа, ова вклучува распоредување сателити на оддалечени локации низ целиот свет.

Исто така, се предвидува користење на веќе изградена инфраструктура. Значително помалку пари – 983 милијарди долари – ќе бидат потребни за намалување на трошоците за технологија и мобилни услуги во посиромашните региони. Планот мора да се спроведе до 2030 година, во спротивно може да доведе до влошување на проблемите и зголемување на идните трошоци, пишува Сега.бг.њус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот