
Зошто Русија губи многу помалку тенкови ова лето?
Загубите на руски тенкови и оклопни возила во текот на летото 2025 година се најниски од почетокот на војната, покажуваат податоците на ОСИНТ -проектот Орикс и анализата на независниот медиум Important Stories.
Препорачано
Според нив, меѓу јуни и август оваа година, визуелно се потврдени 83 уништени тенкови и 189 оклопни борбени возила – бројки далеку пониски од претходните години. За споредба, во летото 2022 Русија изгубила 252 тенкови, во 2023 година 274, а во 2024 година 268, пишува Киев пост.
Овој пад не значи зголемена ефикасност на руската армија, туку промена на тактиките. По катастрофалните загуби кај Авдиевка кон крајот на 2023 година, Москва ја намали употребата на оклоп во масовни напади и премина на пешадиски операции, често без поддршка на тешка техника.
„Мелница за месо“ и нови тактики
Од друга страна како што навдуваат медиумите новата руска стратегија има висока човечка цена. Украинските извори потврдуваат дека руските единици често се испраќаат во фронтални пешадиски напади, што предизвикува големи жртви. Во декември 2023 година, роднини на мобилизирани војници јавно го повикаа Путин да стави крај на, како што го нарекоа, „намерното уништување“ на луѓе во „мелницата за месо“.

Покрај тоа, руските сили импровизираат со нови методи – од употреба на мотоцикли за избегнување на украинските FPV-беспилотни летала, до сведување на тенковите на логистичка улога за превоз на војници, наместо пробивање на одбранбени линии. Украинските команданти опишуваат сценарија во кои пешадијата се приближува, се повлекува, а потоа артилеријата и беспилотните летала го „рамнат теренот“ пред новиот бран напади.
Дилема: конзервација на оклоп или подготовка за нова офанзива
Две главни причини ја објаснуваат внимателната употреба на оклопот: ограничените резерви и зголемената ранливост. Русија од почетокот на инвазијата изгуби над 4.100 тенкови и 9.000 оклопни возила, а многу од складираните единици се нефункционални. Производството и ремонтите во фабриката „Уралвагонзавод“ – околу 20 нови Т-90 и 100 обновени Т-72 месечно – не се доволни за големи офанзиви.
14/ But some like 2S1s or M-46s will also decerase in storage for a while. pic.twitter.com/aoc4HxDcgE
— Jompy (@Jonpy99) June 15, 2025
Воените експерти предупредуваат и дека зоната од 10 километри зад фронтот стана „убиствена зона“ заради масовната употреба на украински FPV-дронови. Дури и најтешко оклопените тенкови стануваат лесни цели откако ќе бидат имобилизирани. НАТО проценува дека во 2024 година дроновите уништиле две третини од руските тенкови.
Сепак, некои аналитичари сметаат дека Москва намерно ги штеди оклопните сили за есенска офанзива, особено во регионот на Покровск.
Ако овој транспортен центар падне, патот кон Славјанск и Краматорск ќе биде отворен. Но, како што предупредува аналитичарот Кирил Михајлов, „неколку стотици возила можат да создадат пробив само ако се совпаѓаат два услови – слабост во украинската одбрана и отворен терен зад неа. Во спротивно, руската стратегија останува ограничена и скапа по човечки животи“.