Зоран Тодоров, независен кандидат за градоначалник на Кочани / Фото: Фејсбук

Зоран Тодоров втор независен кандидат за градоначалник на Кочани

Зоран Тодоров ја објави својата независна кандидатура за градоначалник на Кочани. Тодоров е втор независен кандидат за градоначалник по актуелниот вршител на должност на функцијата, Венко Крстевски.

Тодоров, кој е економист по професија и граѓански активист, во објавата на Фејсбук во која информира за кандидатурата, вели дека Кочани го гледа не како спомен што избледнува, туку како иднина која „мораме заедно да ја изградиме“.

„Јас сум човек од дела – не од зборови. Еден од основачите сум на повеќе организации, преку кои со конкретни акции и хуманитарни иницијативи со години сме им помагале на оние на кои најмногу им требало. Верувам во солидарноста – не како празна реченица на плакат, туку како нормална, човечка и граѓанска реакција кога некој страда или кога нешто може да се подобри.

Го гледам Кочани не како спомен што избледува, туку како иднина што мораме заедно да ја изградиме – чекор по чекор, човек до човек.
Верувам дека овој град има душа, но таа душа бара нов глас. Глас на одговорност, искреност и храброст да се каже: „Доста е – време е за поинаку“ вели Тодоров.

Тој додава дека е сопруг и татко на две деца, кои секојдневно го учат што значат љубов, трпение и посветеност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!