Лав во Зоолошка градина/Фото: Historic Collection / Alamy / Profimedia

Зоолошка градина во Данска бара мали миленици за да ги хранат месојадните животни

Зоолошка градина во Данска апелираше до јавноста да ги „донира“ своите здрави, несакани миленици за да можат да бидат евтанизирани и да станат храна за месојадните животни што ги чува.

Зоолошката градина во Алборг конкретно побара донации од живи кокошки, зајаци и заморчиња, за кои вели дека обучен кадар лесно може да ги евтанизира.

Зоолошката градина прифаќа и живи коњи, а сопствениците можат да имаат корист од даночни олеснувања, објави Би-би-си.

Во објава на Инстаграм, зоолошката градина објаснува дека има „одговорност да го имитира природниот синџир на исхрана на животните“ и дека помалите животни „формираат важен дел од исхраната на нашите предатори“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aalborg Zoo (@aalborgzoo)

Мали животни може да се донираат во текот на работните денови, не повеќе од четири одеднаш без закажување.

Во соопштението, заменик-директорката на зоолошката градина Пија Нилсен изјави дека месојадните животни во зоолошката градина се хранат со помали животни „со години“.

– Како месојадни животни, потребно е да им се обезбеди месо, по можност со крзно, коски итн. за да им се даде што е можно поприродна исхрана – објасни таа.

– Има смисла да им се дозволи на животните што треба да се евтанизираат од различни причини да станат корисни на овој начин. Во Данска оваа практика е вообичаена и многу од нашите посетители и партнери ја ценат можноста да придонесат. Животните што ги добиваме како донации се кокошки, зајаци, заморчиња и коњи – истакна тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!