Живковски за РСЕ: На најмалку пет геодетски фирми им се одземени лиценците

Внатрешната контрола на Агенцијата за катастар на недвижности им ги одзела лиценците на најмалку пет геодоски фирми во државата. Причината за тоа се неприкажување на реална фактичка состојба на терен, вели директорот Иван Живковски во интервју за Радио Слободна Европа.

Ние сме надлежни за вршење на контрола на геодетските фирми. Имаме два типа на контроли, ако можеме така да се изразиме. Имаме редовни контроли кои што секторот за внатрешна контрола при Агенцијата ги врши. Тоа се најавени контроли и се редовни контроли за да видиме дали самите геодетски фирми ги исполнуваат условите, дали работат согласно закон. Во поглед на вонредните контроли, најчесто се прават по добиена преставка. Најчесто за оние прекршаци кои што се одземени лиценци е за неприкажување на реална фактичка состојба на терен, изјави директорот на Катастарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот