Фото: Tako Tsiklauri/ Pexels

Живата во туната, сериозен проблем за потрошувачите, предупредуваат од ЕУ

Постојаниот известувач за безбедност на храната во Европскиот парламент, Биљана Борзан, предупреди на алармантно ниво на жива и тешки метали во рибата што се продава на хрватскиот пазар. Последните анализи покажуваат дека некои видови риби кои граѓаните редовно ги консумираат содржат количини на жива кои ги надминуваат безбедните граници, што може да има сериозни последици по здравјето, објави Политика.рс. Истражувањето на невладините организации покажа дека конзервираната туна, еден од најчесто консумираните производи во Хрватска, содржи високо ниво на жива, токсичен метал кој го загрозува здравјето на луѓето.

Тестирањето на 150 примероци во различни земји членки на ЕУ покажало дека во дури 57 отсто од случаите нивото на жива е над дозволените граници за други видови риби, а некои примероци имале дури четири пати повеќе жива. Алармантно, сегашните регулативи на ЕУ дозволуваат повисоки нивоа на жива во туната, иако не постои научна причина за исклучок.

– Највисокиот забележан резултат беше дури 13 пати поголем од дозволеното за другите видови риби. Граѓаните јадат туна мислејќи дека прават нешто добро за нивното здравје, а всушност несвесно внесуваат тешки метали кои можат да предизвикаат сериозни проблеми, особено кај децата и трудниците: од невролошки оштетувања до срцеви заболувања. Европската комисија мора итно да реагира и да воведе построги правила и стандарди – изјави Борзан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот