Фото: Фејсбук / Ново Лисиче - Novo Lisiche

Жителите на Ново Лисиче реагираат: Општината за еден час ги собра хаварисаните возила поради присуството на Мицкоски

Жители на Ново Лисиче реагираа преку социјалните мрежи дека локалната власт за само еден час ги собрала хаварисаните возила и ја исчистила околината каде што ќе се отвора маркетот „Лидл“ во Ново Лисиче поради присуството на премиерот Христијан Мицкоски на свеченото поставување на камен-темелникот.

Тие посочуваат дека со години бараат решавање на проблемите со хаварисани возила, смет и диви продавачи во тој дел од паркиралиштата, но, како што велат, општината немала волја да одговори на нивните барања.

„Со ова Општина Аеродром покажа дека приоритет ѝ се поединци и бизнис интереси, а не граѓаните од кои добива легитимитет“, се вели во Фејсбук-статусот на групата „Ново Лисиче“.

Новиот малопродажен објект на германската компанија „Лидл“ ќе се простира на 3.438 квадратни метри, од кои 1.200 квадратни метри ќе бидат продажен салон, а ќе има и 57 паркинг-места за посетителите.

На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!