ДУП за Лисиче

Жителите на Лисиче незадоволни и од новиот предлог ДУП: Спорните згради остануваат, ќе продолжиме да се бориме!

Ниту новата верзија на предлог ДУП-от не претставува суштинско решавање на проблеми е ставот на граѓаните на Лисиче откако Општина Аеродром го објави коригираниот план за оваа населба, кој од понеделник ќе се најде на јавна анкета.

 Општина Аеродром излезе со нова верзија за предлог ДУП-от за Градска четврт ЈИ О9 01 што се однесува на населба Лисиче. Како што можете да видите спорните згради и улици остануваат иако дел се отстранети! Оваа верзија на предлог ДУП-от не претставува суштинско решавање на нашите проблеми, туку обид за мачкање на очи на нас жителите и на јавноста. Ние ќе продолжиме да се бориме и против оваа верзија на планираниот предлог ДУП, и јасно остануваме на нашиот принцип дека нема место за згради во Лисиче – велат од иницијативата „Да го зачуваме Лисиче“.

Во новиот предлог ДУП, за кој од Општината тврдат дека е направен согласно забелешките кои граѓаните ги дале во анкетните листови во текот на првата јавна анкета, не се вцртани девет згради, туку три, но од нив сега дури две се на 12 ката, поточно предвидено е да имаат приземје, десет ката и поткровје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот