Фото: Општина Центар

Жителите на Буњаковец му се пожалија на Герасимовски за проблемите со паркирањето

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со директорот на ПОЦ Душко Коцевски и претставници од општината, оствари средба со жителите од населбата Буњаковец, на улицата „Рајко Жинзифов“, со цел да ги сослуша нивните предизвици и предлози за подобрување на секојдневното живеење, информираат од Општина Центар.

Главните теми на разговор беа проблемите со паркирањето и со поставувањето на урбаната опрема од страна на угостителските објекти, што директно влијаат на движењето и квалитетот на живот на локалното население.

Како локална самоуправа, наша обврска е да ги слушаме и решаваме реалните проблеми на граѓаните. Ќе излеземе во пресрет на нивните барања и ќе понудиме конкретно решение кое ќе обезбеди ред, функционалност и почитување на јавниот простор, рече Герасимовски.

Герасимовски, информираше за проектите што се реализираат за развој на Центар.

Изминатиов период вложивме многу во подобрување на условите за живот на нашите центарци. Реконструиравме 20 улици, засадивме повеќе од 1000 садници, се грижиме за зеленилото и за хигиената во општината, а целосно го обновивме и Паркот во Капиштец, потенцираше Герасимовски.

„Слободен печат“ неодамна објави за проблемот со кој секојдневно се соочуваат, жителите на улицата „Рајко Жинзифов“ без оглед дали е работен ден, празник или викенд и за кој се пожалија дека и „градските и сите власти веќе подолг период се глуви“.

Улицата Рајко Жинзифов блокирана со автомобили, не може да помине ни пожарна ни брза помош

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот