Пиштол, оружје
Фото: Pexels/Somchai Kongkamsri

Жител на Општина Студеничани му се заканувал на својот сосед со гасен пиштол и стрелал во воздух

Четириесет и едногодишниот С.К., жител на село Драчевица, во Општина Студеничани, вчера бил повикан на службен разговор во полиција заради упатување закани на неговиот сосед со гасен пиштол од кој што испукал неколку куршуми во воздух.

-На 20.06.2024 во 14.45 часот во Полициското одделение Шуто Оризари бил извршен службен разговор со С.К.(41) од с.Драчевица, општина Студеничани.

Тој се сомничи дека на 18.06.2024, по претходна расправија, упатил закани на неговиот сосед Ф.М.(43) од Скопје и испукал неколку куршуми во воздух од гасен пиштол, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот