Вашингтон/ Фото: МИА

„Женскиот марш“ во Вашингтон со критики кон политиките на Трамп

Освен традиционалните барања, тие побараа и поголеми права на ЛГБТ заедницата, еднаквост меѓу расите и слобода на вероисповед.

Учесниците на четвртиот по ред „Женски марш“ на улиците во Вашингтон и другите градови ширум Соединетите Американски Држави ги критикуваа политиките на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Учесниците на маршот бараат родова еднаквост и поголеми права на жените во САД. Маршот се организира традиоционално откако во 2017 година Трамп ја презеде должноста претседател на САД.

Освен традиционалните барања, тие побараа и поголеми права на ЛГБТ заедницата, еднаквост меѓу расите и слобода на вероисповед.

-Ова последен марш пред претседателските избори во 2020 година. Оваа година имама шанса да го довршиме она што го започнавме пред три години и да го симнеме Трамп од должност, рече една од организаторите на маршот, Иса Нојола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот