Контејнер за облека во Германија / Фото: Imago / Alamy / Alamy / Profimedia

Жена во Германија починала откако се обидела да влезе во контејнер за облека, па ѝ се заглавил вратот

Трагична несреќа се случила во германскиот град Пејне откако жена го загубила животот додека се обидувала да се качи во контејнер за користена облека. Според претходните полициски извештаи, вратот на несреќната жена во тој обид се заглавил во отворот на контејнерот, поради што изгубила свест. И покрај напорите на спасувачите, тие можеа само да констатираат нејзината смрт. Сè уште не е познат идентитетот на починатата жена.

Во текот на полициската истрага било откриено дека жената имала свежа лузна од царски рез, што предизвикало дополнителна загриженост кај инспекторите. Имено, постои можност жената да го оставила малото дете само во станот, поради што детето би можело да биде во животна опасност.

Полицијата интензивно го истражува случајот за безбедност на потенцијално загрозено дете.

Германските медиуми јавуваат дека случајот предизвикал голема загриженост во локалната заедница, а сите кои би можеле да имаат какви било информации за починатата жена или нејзиното семејство се повикуваат да се обратат во полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот