Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Жена прегазена во Кадино, пренесена во болница со тешки повреди

Педесет и седумгодишна жена е тешко повредена откако била прегазена во скопското село Кадино.

„Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„532“ со ул.„526“ во с. Кадино, општина Илинден, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с. Кадино, удрил во пешакот О.М.(57) од с. Миладиновци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила О.М., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот