Жена од Штип ја оставила паркираната кола во лер, настрадал пешак

40-годишна штипјанка вчераутро го оставила паркираниот автомобил во лер, по што тој самиот тргнал и удрил во 50-годишен пешак, кој е тешко повреден, соопшти полицијата.

„На 10.09.2025 околу 07:25 часот во СВР Штип е пријавено дека во круг на бензиска пумпа на ул.„Партизанска“ во Штип, 40-годишната Д.М. од Штип, откако го паркирала патничкото возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки и излегла надвор, возилото само се придвижило наназад и удрило во пешакот Е.А.(50) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот