Фото: Архива

Зголемен интерес од Блискиот Исток за говедско и јагнешко месо од Србија

Агропрофитното здружение од Нови Сад добило повеќе барања од извозници за контакти со одгледувачи на говедско и јагнешко месо. Како што информираа во ова здружение, станува збор за извоз на говедско и јагнешко месо во земјите од Блискиот Исток, пренесува Агросервис.

Цените кои во моментов се нудат се повисоки од досега: за говедско три евра за килограм, а за јагнешко 2,5 евра за килограм.

Со оглед на тоа што животните ќе бидат натоварени на бродот во Бар, извозниците сакаат што поскоро да ја обезбедат потребната количина. Во меѓувреме пристигнаа и купувачи од Сараево кои нудат повисоки цени, но без прецизна понуда. Во Европската унија се намалува понудата на гоено говедско месо, што е последица на минатите поскапувања на храната.

Но, сточарите од поразвиените земји, како Франција, Германија, Холандија, Данска…, имаат доволно говедско месо за своите потреби, а некои почнуваат да го обновуваат производството на прасиња и животни за гоење. Споменатиот извоз на говедско и јагниња се подготвува по подолга пауза, пишува Политикар.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот