Фадил Зендели, Беса, Фото: Архива

Зендели: поднесувам оставка од пратеник ако СДСМ и ДУИ гласаат за отстранување на 20 отсто од Уставот

Патеникот од Беса Фадил Зендели преку Фејсбук соопшти дека ќе поднесе оставка од пратеничката функција ако владејачката коалиција СДСМ иДУИ , во контекст на уставните измени гласа за отстранување на условот 20 отсто и во Уставот да се впише албанскиот јазик.

„Јас како пратеник поднесувам оставка од функцијата, доколку ДУИ и СДСМ гласаат за отстранување на 20% и албанскиот јазик е впишан во Уставот“, напиша Зендели.

Понудата на Зендели за оставка следи откако вчера лидерот на ДУИ Али Ахмети објави писмо до премиерот Димитар Ковачевски со кое го информира дека министрите од ДУИ поднеле оставки, кои би се активирале ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните амандмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот