Затвор илустрација / Фото Архива

Затвор од 15 години за Украинка оти дала воена информација за Русија

Жителка на источниот украински град Славјанск денеска е осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство затоа што и дала воена информација на Русија.

„По јавна постапка на регионалното обвинителство на Доњецк, судот ја прогласи граѓанката за виновна за велепредавство (…) таа е осудена на 15 години затвор и конфискација на имот“, објави главното обвинителство на Украина на „Телеграм“.

Според обвинителството, меѓу март и април 2024 година обвинетата му предала информации за украинската војска на свој познаник, кој служи во руската армија.

Обвинителството тврди дека ја предало и точната локација на украинските сили стационирани во Славјанск, како и локацијата на контролните пунктови во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот