Денешната пресуда е петта по ред која ја изрекува Основниот кривичен суд Скопје во случај во кој обвинет е поранешниот министер Миле Јанакиески.

Застаре и случајот „Топлик“ за продажба на земјиште во Сончев град

Измените во Кривичниот законик го застареа случајот „Топлик“ кој се однесуваше на изградбата на Сончев град. На денешното судење, обинителот кој го застапуваше предметот, повикувајќи се на измените, се откажа од понатамошно гонење заради застареност со што од кривична одговорност ги ослободи пораншениот министер Јанакиески и членовите на комисијата за јавно наддавање во Министерството за транспорт и врски.

„Јавниот обвинител изврши преквалификација на кривичното дело кое им се става на товар на обвинетите од член 353 став 5 во член 353 став 4, а во правец на измените на Кривичниот законик. Врз основа на тоа Јавниот обвинител се откажа од понатамошно гонење на обвинетите заради настапена застареност (во смисла на член 352 од ЗКП)“, соопштија од Кривичниот суд.

Случајот Топлик требаше да се суди од почеток откако Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда со која на затворски казни беа осудени Јанакиески и Претседателот на комисијата за наддавање, Ѓурчиловски. Останатите обвинети тогаш добија условни казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот