Азир Алиу, министер за здравство/Фото: Скриншот

Заштитни маски за жителите на Трубарево од Министерството за здравство

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево, повтори министерот за здравство Азир Алиу на вечерашната прес-конференција заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

– Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со поддршка на тимови од јавните претпријатија и Општина Гази Баба. Со оваа мерка се обезбедува навремена поддршка за локалното население, со цел намалување на непосредната изложеност на загадениот воздух предизвикан од пожарот, соопшти Министерството за здравство.

На лице место се присутни и две возила на итната медицинска помош, подготвени да интервенираат и да укажат соодветна здравствена помош како на пожарникарите, така и на граѓаните доколку имаат потреба.

– Наш приоритет е заштитата на здравјето на граѓаните, особено во вакви кризини ситуации. Министерството и Институтот за јавно здравје ќе продолжат со координирани активности за да се обезбеди соодветна помош и поддршка на сите засегнати, рече министерот за здравство, Азир Алиу.

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ќе ја следат понатамошната состојба, со цел навремено преземање на сите потребни мерки за заштита на граѓаните.

Претходно Институтот за јавно здравје објави препораки за заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните во случаи кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи.

Пожарот изби денеска попладне во објект на фирмата „Ф-Групација“ во Трубарево која се занимава со електронски отпад, а се зафатени се уште два други објекти во кои имало голема количина пластичен отпад. Според последните информации, повредени лица во пожарот нема. Делот во кој се наоѓа електронскиот отпад ќе се изолира и ќе се гаси со песок, најави Дирекцијата за заштита и спасување.

ВИДЕО | Тошковски: Тројца сопственици на фабриката во Трубарево на распит во полиција, пожарот само локализиран

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот