ПВЦ прозори/Фото: Flickr |

Засега нема субвенции за вградување ПВЦ-прозорци

Од ова министерство додаваат дека е во постапка усвојување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која се предвидува надоместок на дел од сметката за потрошена електрична енергија за домаќинствата што имаат деца (до 26 години) со попреченост и згрижувачки семејства што згрижуваат деца

Додека не заврши анализата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, нема да има субвенции за набавка на клима инвертери или за вградување ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата, велат од ресорот за „Слободен печат“. Од лани субвенциите за енергетска ефикасност од Министерството за економија и труд се префрлени во новото Министерство за енергетика.

– Во овој момент се анализираат состојбите и за креирање други мерки за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата и користењето обновливи извори на енергија, опфатот и динамиката ќе бидат во склад со расположливиот буџет за оваа намена. За сите евентуални дополнителни мерки, навремено ќе информираме на нашата веб-страница – наведуваат од ова Министерство.

Оттаму додаваат дека е во постапка усвојување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која се предвидува надоместок на дел од сметката за потрошена електрична енергија за домаќинствата што имаат деца (до 26 години) со попреченост и згрижувачки семејства што згрижуваат деца.

– Надоместокот ќе биде 1.000 денари по домаќинство од сметката за потрошена електрична енергија во тек на 12 месеци – информираат од МЕРМС.

Субвенционирањето на домаќинствата за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци, стартуваше од 2017 година и траеше со мали прекини се до лани. Се надоместуваа дел од трошоците, во износ до 50 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство. Право на надоместокот имаа лицата што имаат купено и вградено во своите домови ПВЦ или алуминиумски прозорци, доделувањето се одвиваше по принципот „прв дојден, прв услужен“, сѐ до искористување на предвидените средства.
Во изминатите години вкупно се субвенционирани околу 6.000 домаќинства, на кои им беше обезбеден поврат на дел од средствата што ги потрошиле за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци и се исплатени приближно 140.000.000 денари од Буџетот на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот