Фото: Принтскрин

Заринкан товарен брод го запре сообраќајот во Босфорскиот Теснец (ВИДЕО)

Товарен брод заринка на брегот во близина на Истанбул, јави Си-Ен-ЕН Турк.

Засега нема информации за жртви или повредени во инцидентот, поради кој е затоворено целото пристаниште во Бофорскиот Теснец.

Станува збор за бродот „Сонга Иридум” што пловел под знамето на Либерија, а инцидентот се случил додека се приближувал кон пристаништето Амбарли во Истанбул, пренесоа британските медиуми.

Весникот „Хуриет” пишува дека бродот испловил од пристаништето Одеса во Украина, и дека се заринкал 25 минути по влегувањето во Борфорскиот теснец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот