Малешево фото МИА

Започнува кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел

 Општина Пехчево во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, организира јавна расправа по Нацрт-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитен предел.

Расправата е закажана за 2 септември на зум платформата, но ќе се репродуцира во живо во Општините Берово и Пехчево. Локалното население ќе може да ја следи и да учествува преку видео бим кој ќе биде поставен во дворот на градинката „23 Август” во Берово и во дворот на Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево. За време на расправата на овие локации максимално ќе бидат почитувани КОВИД-мерките.

Учеството на јавната расправа треба да биде потврдено најдоцна до вторник, 31 август, на телефонскиот број 076-233-020.

Нацрт-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитен предел е објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk), како и на веб страницата на Министерство за животна средина и просторно планирање. Коментари, мислења и сугестии може да се достават писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање, најдоцна 10 дена по одржување на јавната расправа.

Нацрт-одлуката е објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk), како и на веб страницата на Министерство за животна средина и просторно планирање. Коментари, мислења и сугестии може да се достават писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање, најдоцна 10 дена по одржување на јавната расправа.

Извор: МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот