Фото: Град Скопје

Започнува изградба на новопроектирана улица во Криви Дол

Град Скопје и јавното претпријатие „Улици и патишта“, денеска започнаа  градежни работи на изградбата на новопроектирана улица 1 во населеното место Криви Дол во општина Карпош.

Потребата за изградбата на овие улици произлезе поради изградбата на новиот кружен тек помеѓу булевар 8 Септември и улица Скупи, како и изградбата на новата клучка кај Момин Поток. Со нивната изградба ќе се овозможи промена на постоечкиот сообраќаен режим за обезбедување сигурност за учесниците во сообраќајот. Со оневозможување на движење со моторни возила по пешачка и вело патека и диво приклучување на улица Скупи и на булевар Никола Карев, ќе се превенира загрозување на пешаците и велосипедистите и ќе се овозможи нивно безбедно движење. Со изградбата на новата улица на жителите на Криви Дол ќе се обезбеди сигурен и безбеден пристап на жителите до нивните домови – истакна градоначалничката Данела Арсовска која изврши увид во почетокот на градежните работи.

Изградбата на новопроектираната улица број 1 се реализира преку меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот