Започна штрајкот на контролорите на летови во Париз

На неколку аеродроми во Париз, како и во неколку други француски градови, започнаа откажувања на летови поради штрајк на контролорите на летање, објави Управата за цивилно воздухопловство на таа земја.

„Поради штрајкот, се очекуваат откажувања на летови на аеродромите Ница, Бастија, Калви, Лион, Марсеј, Монпелје, Ајачо, Фигари и Париз-Шарл де Гол, Париз-Орли и Париз-Бове“, објави Генералниот директорат за цивилно воздухопловство (DGAC) на платформата X.

Во соопштението се наведува дека откажувањата на летовите важат за денес, што ќе биде првиот ден од штрајкот на контролорите на летот.

Минатата недела, синдикатите што претставуваат повеќе од 30 проценти од француските контролори на летање објавија планови за штрајк на 3 и 4 јули, барајќи подобри услови за работа и подобри политики за вработување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот