Шверц на цигари/Фото: МИА

Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo

Денеска (20.07.2025) околу 8 часот во Тетово полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С.(45) од с.Горно Палчиште, о.Боговиње.

При контрола на патничко возило “ауди” со тетовски регистерски таблички, кое А.С. го управувал, пронајдени се 49 кутии со филтри за цигари, 70 штеки со по 10 кутии цигари, 19 машинки за полнење на цигари и 98 килограми дробен тутун.

По документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 278 б и 279 од КЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот