Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Заниоло се огласи по обвинувањата од Рома: Влегов во соблекувалната само до тоалет

Сериозен скандал ја потресе италијанската фудбалска јавност, откако Рома излезе со јавно соопштение во кое го обвини својот поранешен фудбалер Николо Заниоло за несоодветно и насилно однесување по натпреварот на младинскиот тим против Фиорентина (2:1).

Според тврдењата од клубот, Заниоло бил присутен на стадионот и по натпреварот влегол во соблекувалната на Рома, каде, како што наведуваат дека бил под дејсво на алкохол и така урнирал во просториите, но и го удрил младиот фудбалер Матија Алмавива. Исто така влегол во турканица со уште еден член на младинскиот тим, Марко Лити.

Римскиот клуб најави дека случајот ќе го пријави до надлежните институции, вклучително и Фудбалскиот сојуз на Италија, барајќи соодветна реакција.

Заниоло, кој сега е член на Фиорентина како позајмен играч, веднаш ги демантираше овие наводи во изјава за „Кориере дело Спорт“.

„Кога сум правел грешки, сум ги признал. Но овојпат, не можете да ме обвините дека сум удрил некого или започнал тепачка“, изјави Заниоло, додавајќи дека имало вербален конфликт, но не и физички инцидент.

„Навистина ми требаше тоалет и побарав дозвола. Ми дозволија да влезам со насмевка. Кога излегов, еден од нив ме испровоцира. Реагирав лошо, но не го удрив“, објасни италијанскиот репрезентативец.

Тој истакна дека како јавна личност е свесен за својата одговорност, но потенцираше дека обвинувањата на Рома се „далеку од вистината“.

Случајот привлекува големо внимание во Италија и се очекува развојот на настаните во наредните денови да донесе дополнителна јасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот