Сања Божиновска / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Законот за енергетика ќе донесе придобивки за граѓаните и сигурност за инвеститорите, вели Божиновска

„Го донесовме Законот за енергетика. Тој е нов закон, усогласен со европските стандарди. Тоа ќе значи многу бенефит и за граѓаните, исто така, тоа ќе значи сигурност за инвеститорите. Ќе имаат многу подобности. Прв пат се воведува енергетска сиромаштија, ќе има граѓански заедници, за првпат се воведуваат батериите односно системи за складирање на електрична енергија, воведуваме и е-мобилност“, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во вечерашното интервју за Македонската радио телевизија (МРТ) каде зборуваше за актуелните состојби во енергетиката.

Во законот, како што посочи министерката, за првпат се воведува енергетската сиромаштија, со што се воведуваат мерки за помош на ранливите категории на граѓани. Таа рече дека наследиле катастрофална состојба во енергетскиот систем, појаснувајќи дека се работи за „седум години негрижа за енергетските капацитети“ поради што, како што рече изминатата година работеле на консолидација на енергетскиот систем.

-Менаџментот се потруди многу за да ги направи ремонтите за да имаме стабилно снабдување со електрична енергија. Сега приоритетите ни се да го зголемиме производството и секако да го намалиме увозот, а понатаму бидејќи сме земја на сонцето имаме многу сончеви денови сакаме да станеме извозник и на електрична енергија, изјави Божиновска.

Собранието минатиот месец го усвои Законот за енергетика, кој Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го подготвуваше подолго време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот