Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Законот за Брегзит пред британските пратеници

За законот потоа ќе се изјасни и Горниот дом и ќе остане доволно време до 31 јануари, кога се очекува Џонсон „да ја одвои Британија од 27-те останати земји членки на ЕУ”.

Британските пратеници денеска треба да го одобрат законот кој ќе овозможи излез на земјата од ЕУ на 31 јануари, со што ќе заврши тригодишното надмудрување околу условите за Брегзит.

Портпарол на британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека усвојувањето на законот за спроведување на договорот за излез од ЕУ, кој е постигнат минатата година со Брисел, ќе претставува „значаен позитивен чекор”, со што ќе се стави крај на една од најдлабоките политички кризи кои ја погодија земјата во последните децении.

За законот потоа ќе се изјасни и Горниот дом и ќе остане доволно време до 31 јануари, кога се очекува Џонсон „да ја одвои Британија од 27-те останати земји членки на ЕУ” и со тоа ќе биде првата нација која досега го напуштила европското семејство.

Потоа ќе почне период на трговски преговори, кои ќе го дефинираат новиот однос на Британија кон Европа, која е нејзин клучен трговски партнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот