Миле Лефков / Фото: ТВ 24

Законот што го предложи СДСМ за Кочани е спротивен на правниот поредок, вели Лефков

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков вечерва во „24 анализа“ на ТВ „24“ рече дека болницата во Кочани е влезена во планот за реконструкција и дека ќе биде реновирана. Според него, Законот за поддршка на семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани, кој го предложи СДСМ, е „спротивен на правниот поредок“.

„Во изминатите два месеци Кочани поминува во тага и болка, она што се случува не би го посакале на никој. Тага, болка, одземени животни на деца кои го имаа цел живот пред себе. Ја видовме цела нефункционалност за жал го видовме грдото лице на системот, видовме и пожртвуваност. Дел од повредените се тертираат во болницата во Кочани, која не е реновирана скоро 40 години. Потребно е реновирање и инвестиции. Добра вест е што влегува во планот за реконструкции и ќе добие и кадровско и реконструкциско освежување“, рече Лефков.

Предлогот на СДСМ тој го нарече „политичко поентирање на несреќа“.

„Одбивам политичко поентирање на несреќа. Законот треба да знаете дека е спротивен на правниот проедок. Жртвите се резултат на кривично дело и се резултат на корупција. Кога се поднесува Закон, треба да биде усогласен со другите закони. Со донесување на ваков начин се нормализира корупција. Со ваков предлог на закон се создава преседан дека корупцијата е пресметлива и може да биде платена. Кога станува збор за надомест на штета, се надоместува во судска постапка и има закони“, додаде Лефков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот