Фото: ЕПА

Захарова: Русија ќе преземе соодветни мерки по затворањето на конзулатот во Краков

Русија ќе преземе соодветни мерки по затворањето на рускиот генерален конзулат во Краков, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Варшава продолжува намерно да ги уништува односите, дејствувајќи против интересите на граѓаните“, изјави Захарова за РИА Новости.

Захарова истакна дека во блиска иднина ќе има „соодветен одговор“ од Русија на овие несоодветни чекори од Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот