
Захариева станува еврокомесар во новиот мандат на Фон дер Лајен
Екс шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева станува европски комесар за стартапи, истражување и иновации.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тоа беше објавено во вторникот наутро во Европскиот парламент во Стразбур по неколкунеделни одложувања и ненадејни промени во највисоките структури на ЕУ. Бугарија беше номинирана и за одделот „Кохезија и реформи“, но таа позиција му ја доверија на Италијанецот Рафаеле Фито.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред раководството на Европскиот парламент ја претстави структурата и составот на новата Комисија од 26 еврокомесари за нејзиниот следен мандат. Како водач на институција која жестоко ја брани родовата еднаквост, таа си постави тешка задача да воспостави рамнотежа меѓу половите, припадноста на политичките партии и географијата за нејзиниот нов персонал.
Но, пред и официјално да го преземе ресорот, Захариева мора да помине низ долго и темелно испитување од членовите на ресорната комисијата во Европскиот парламент. Нивна е одлуката дали кандидатот е доволно компетентен да добие ресор во ЕК. Се очекува сите интервјуа на кандидатите за еврокомесари да бидат завршени околу почетокот на ноември, а новата комисија да почне да функционира од декември.
-Сакам да изразам благодарност до бугарската влада и до г-ѓа Урсула фон дер Лајен. Свесна сум за одговорноста – голема е. Ресорот што го доби Бугарија е еден од ресорите на иднината – исклучително важно и во центарот на следната Европска комисија (ЕК), Захариева по повод номинацијата за еврокомесар.
„Во политичките насоки што г-ѓа фон дер Лајен ги даде на почетокот на нејзиниот мандат, посебно место е посветено на иновациите и истражувањето, кои треба да ги зајакнеме за да ја направиме нашата економија поконкурентна. Односно, таа е директно поврзана за зголемување на конкурентноста на Европската Унија и на европската економија“, посочи Захариева.
Просперитетот, безбедноста и демократијата главни приоритети на новиот состав на ЕК