epa08536510 Bulgarian Foreign Minister Ekaterina Zaharieva addresses a joint press conference following a meeting with her Czech counterpart, Tomas Petricek, at the Czernin Palace in Prague, Czech Republic, 09 July 2020. EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Захариева: Бугарија мора остро да реагира на изјавите на Пендаровски

Агресијата врз македонските Бугари се одвива под добронамерниот поглед на властите во Македонија. Во отсуство на акција, извинувањата и ветувањата на македонските власти не се доволни, вели Екатерина Захариева, претседателка на Комисијата за надворешна политика во бугарското собрание и поранешна министерка за надворешни работи, според која, претседателот Стево Пендаровски не ги штити интересите на својата татковина, туку служи на политиката на Србија и Русија на Балканот и со своите изјави го кочи развојот на односите меѓу Софија и Скопје.

Во разговор за БГНЕС Захариева, во чие време Софија ни стави вето за преговорите со ЕУ, таа го критикува барањето на претседателот Пендаровски до Владата на европратеникот Ангел Џамбаски и на други бугарски државјани да им се забрани влез во Македонија.

Бугарија мора да има многу дефинитивна и остра реакција на изјавата на претседателот Пендаровски. За жал, ова не е првпат да дава остри изјави кои не помагаат во развојот на билатералните односи. Силно се надевам дека македонската влада нема да го почитува неговото барање, бидејќи тоа многу повеќе ќе ги ескалира билатералните односи. Ова ќе им служи на оние бугарски политичари кои не сакаат да ги пуштат на територијата на РСМ. Некои од нив исто така не помагаат за нормализирање на односите – вели Захариева.

Таа за денеска свикала седница на Комисијата за надворешна политика, на која ќе биде сослушан амбасадорот на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов.

Многу е важно од него да се слушне од прва рака кој е начинот за нормализирање на односите, каква треба да биде бугарската реакција, да го слушнат и ставот на народните избраници и шефот на дипломатијата рече Захариева.

Таа се согласува дека треба да се смират односите меѓу двете земји, но вели дека за тоа пред сè мора да соработуваат официјалните власти во Скопје, бидејќи не без нивна помош ескалира тензијата кон македонските Бугари.

Посетата на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во неделата на претепаниот охриѓанец Христијан Пендиков таа ја оцени како обид за смирување на ситуацијата.

– Слушнавме извинување од министерот Османи, но не и од нивниот премиер – потенцира Захариева.

Според неа Пендиков и луѓето со бугарска самосвест во Македонија живеат во неизвесност.

Факт е дека Христијан Пендиков не се чувствува безбедно и се плаши да се врати. Факт е дека повеќе сакал да се лекува во Бугарија. Тоа е исто така многу индикативно за неговата доверба во овие посети и зборови. Таа е нула. Во недостиг на дела, зборовите не се доволни – вели Захариева.

Таа потсети и дека ова не е првпат да има физичко насилство врз македонските Бугари, а немањето реакција или реакцијата само со зборови се знаци дека агресијата врз Бугарите се случува под добронамерниот поглед на властите во РСМ“.

Захариева инсистира и македонските власти да ги избришат списоците со имињата на македонските Бугари кои ги содржат нивниот матичен број и адреси, а не да се преправаат дека не ги гледаат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот