Фото: Архива на „Слободен печат“

Загрижувачки раст на бројот на самоубиства во Косово

Четири самоубиства се регистрирани во Косово во последните неколку дена, што предизвика загриженост во земјата, објави Косовското радио и телевизија.

Од јануари до јули годинава се евидентирани 11, а вкупно 19 лица си го одзеле животот во 2024 година, според податоците на косовската полиција. Само на 18 август, тројца мажи на средна возраст си го одзеле животот во градовите Обилиќ, Исток и Скендерај.

Косовските невладини организации, вклучително и Советот за заштита на правата и слободите на човекот, повикаа на поголемо внимание кон маргинализираните групи, како пензионерите и ветераните, кои често се занемарени од државата. Според нив, мал број случаи се регистрирани и кај бизнисмени поради недостиг на законска поддршка.

Бинд Скеја од организацијата „Линија на животот“, која работи на превенција на самоубиства, изјави дека нивната телефонска линија прима најмалку едно барање за помош дневно. Од декември, организацијата воведе онлајн чет, што го зголеми бројот на контакти, со над 800 повици и 2.000 барања за помош во последните шест месеци. Скеја нагласи дека е потребна институционализација на организацијата за да се обезбеди итна телефонска линија.

Социолозите во Косово ги сметаат овие случаи за алармантен показател за општеството, истакнувајќи дека социјалните стигми се меѓу главните причини за самоубиствата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот