Заев за „Слободен печат“: Беса сѐ уште е дел од Владата

заев касами
Фото: Фејсбук профил на премиерот на РСМ

Сѐ уште не се верификувани оставките на функционерите на Движењето БЕСА, што априори значи дека тие сѐ уште се дел од Владата, вели премиерот Зоран Заев во изјава за „Слободен печат“.

– Нормално дека Беса е дел од Владата. Собранието ја нема констатирано оставката на министерот Аријанит Хоџа, ниту пак на другите раководни лица од Беса . Затоа и логично е да каже дека се дел од влада, изјави Заев за „Слободен печат“.

Пратеникот од редовите на на Движењето Беса кој го оневозможи падот на оваа Влада со тоа што не се појави на денот на гласањето на недоверба, Кастриот Реџепи, изјави дека Беса официјално сѐ уште е дел од Владата.

– Движењето Беса официјално е во Владата. Прашајте го господинот Заев дали Движењето Беса е во Влада или не? Нека ви даде информација, па ќе се потврди она што го велам. Ако партиските тела одлучат и сакаат да не бидеме во Владата, и јас ќе го поддржувам тоа. Но, да дебатираме и да ги сочиме аргументите зошто не треба да бидеме во влада, изјави Реџепи.

Во меѓувреме, Аријанит Хоџа, генерален секретар на Движењето Беса за „Слободен печат“ вели дека партијата останува на ставовите јавно искажани и потврдени на последниот состанок на Централното претседателство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот