
Заев очекува прагот за поднесување на советнички листи да се спушти на еден отсто или воопшто и ќе го нема
Прагот за поднесување на советнички листи за претстојните Локални избори најверојатно ќе се спушти на еден отсто или воопшто нема да постои, најави денеска премиерот Зоран Заев при обиколката на шумските пожари во Малешевскиот регион. Тој ги охрабрува пратениците, кои од 15 август се враќаат во Собранието да ја донесат најдобрата одлука.
Препорачано
-Треба да го прифатат тоа што го велат граѓаните, а тоа е дека е превисок прагот. Најверојатно ќе го симнат на еден отсто или воопшто ќе го нема. Јас ги охрабрувам, како проценуваат, како е најдобро, како препорачува ОБСЕ. ОБСЕ препорача комплетно унифицирање на прагот, не играат со бројката или процентот на праг. Но, гласноста на помалите, помалку бројните е важна и треба да ја слушнеме и ја охрабрив парламентарната група на парламентарното мнозинство да конвертира кон прифаќање на послабите, помалите, за да може рамноправно учествуваат во изборите, изјави Заев.
Очекува од 16 до 20 август да биде донесена измената и дополнувањето на Изборниот закон. Прашан кога ќе оди на одмор, Заев со одговор дека бил три дена и, како што вели, се вратил, бидејќи почувствувал дека народот сака да го види на терен за време на пожарите.
-Системот функционира, како што кажа и директорот на Центарот за управување со кризи, координацијата се прави по телефон, граѓаните очекуваат пред се премиерот да биде Премиер и да го координира системот. Системот е воспоставен со кризната состојба, а со него управува директорот на Центарот за управување со кризи, овде е Дирекцијата за заштита и спасување, општинските штабови на чело со градоначалникот на Берово, противпожарните единици и сите единици, со нив дополнително се координираат полицијата, армијата и навистина системот функционира, онака, како што функционира во сите европски земји, со сите негови предности и слабости, рече Заев.
Забележа дека координацијата на нашите сили е искоординирана и со пет странки сили, коишто се вклопени во овој систем за гаснење на пожарите во Малешевскиот регион.