Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Заев: Младите сакаат да бидат дел од западниот демократски свет

Младите сакаат да бидат дел од демократскиот западен свет, тоа и го правиме преку мерките и политиките што ги спроведуваме, порача претседателот Зоран Заев на денешната трибина „Иднината на Европа” во организација на СДММ.

– Од кога СДСМ ја доби честа да ја води државата многу се промени во нашата држава. Сите знаат дека она што го правиме е за сите граѓани, но најамногу за младите. Политиките што ги водиме не се за во моментот да се добијат симпатиите на младите туку тоа се релни и препознаени во функција за отворање на перспективите на оваа земја, а пред се на младите. Целиот свет признава, целиот свет со убави зборови се обраќаат кон нас. Во глобалниот свет на мобилност на младите, на услугите, на капиталот, нашата борба е да создадем компетитивно општество. Знаеме дека само на тој начин ќе биде примамливо за младите да останат овде. Вие младите сте со јасна цел, сакаат да бидеме дел од западниот демократскиот свет, каде слободите блескаат. Тоа и го правиме, за младите да бидат генератор на развојот на својата татковина – порача Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!