Израел тенкови EPA-EFE/ATEF SAFADI

Зад израелските ноќни напади на Појасот Газа се кријат моќни машини тешки 100 тони

Израелската војска изминатите неколку ноќи изврши неколку упади во Газа како подготовка за најавената копнена офанзива. Иако сè уште не е познато кога ќе започне офанзивата, некои нејзини контури веќе може да се видат врз основа на ноќните напади. Израелската армија подготви специјално оружје за влез во Газа.

Транспорт на израелска оклопна воена техника EPA-EFE/ATEF SAFADI

Оваа палестинска енклава е многу густо населена, така што операцијата во станбените области на Газа бара специјализирана опрема за да се расчисти патот за 300 тенкови и 173.000 војници. На тој список се наоѓаат и две машини кои заедно тежат речиси 100 тони – „Namer“ и „D9R Dobi“.

Израелски тенкови EPA-EFE/ATEF SAFADI

Најзаштитеното оклопно возило во светот

Тешкиот оклопен транспортер „Намер“ (Тигар) е главен елемент на планот за модернизација на израелската армија.

Најновиот дизајн на Namer се базира на шасијата на главниот борбен тенк Merkava Mk.4. Моментално е едно од најзаштитените оклопни возила во светот. Тој и обезбедува на пешадијата ниво на заштита и мобилност што одговара на најновите главни борбени тенкови.

Израелски тенкови EPA-EFE/ATEF SAFADI

Првата серија на сериски возила беше испорачана во 2008 година. Израел планира да набави вкупно 170 тешки оклопни транспортери Намер. Првично беа планирани 386 возила, но подоцна оваа бројка беше намалена поради кратење на буџетот.

Неуништивото „ Плишано мече“ на израелската армија

Оклопниот булдожер D9R со прекар „Доби“ или „Теди беар “ е составен дел од копнените упади на територијата на Газа. Со 15 тони оклоп и сечиво, D9R е речиси непробоен за оружје и експлозиви.

Израелски воен булдожер Теди беар фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Во Булдожерот може да седи возач и војник, а непробојното стакло на тоа возило им нуди заштита од куршуми. Во 2015 година, D9R беше надграден со „оклоп со летви“ за екипажот да се заштити и од ракетни гранати (РПГ) што широко ги користеше Хамас во претходните конфликти.

Неговиот мотор може да произведе 405 коњски сили и може да влече повеќе од 70 тони. Овој моќен мотор не само што му помага на булдожерот да помине пречки, туку може и да копа ровови, да помогне во изградбата на мостови или одбранбени структури.

„ Плишаното мече“ може да биде опремено со митралези или фрлачи на гранати.  Цената на D9R е нејасна, бидејќи израелската армија ги купува возилата директно од Caterpillar, а подоцна ги опремува булдожерите со нивниот специјален оклоп.

Сепак, основната цена на новиот булдожер Cat D9 е најмалку 900.000 долари, а неговата вредност за набавка е пред какви било дополнителни надградби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот