вакцина
Вакцинирање / Фото: Профимедиа

Забрзана вакцинација на ученици во Шпанија

Целта е да се ограничи ширењето на коронавирусот, да се обезбеди присуство на ученици во училниците и да се минимизира учењето преку Интернет.

Регионалните влади во Шпанија одлучија да ја забрзаат вакцинацијата на адолесцентите на возраст од 12 до 15 години пред почетокот на новата учебна година.

Целта е да се ограничи ширењето на коронавирусот, да се обезбеди присуство на ученици во училниците и да се минимизира учењето преку Интернет.

Шпанија е една од ретките земји во светот каде учениците не престанаа да посетуваат настава во изминатата година. Според Министерството за образование, само шест отсто прибегнале кон онлајн настава, пред се поради бурата Филомена, која парализираше дел од земјата во текот на неколку дена.

Останатите 94 проценти имаа можност физички да присуствуваат на настава поради одлуката на централната влада дека последното нешто што ќе го затворат за време на пандемијата се училиштата. Сега регионалните влади ја продолжуваат политиката на кабинетот на Педро Санчез и започнуваат забрзана вакцинација меѓу учениците.

До денеска, само еден од петмина на возраст од 12 до 19 години примил барем една доза од вакцината, додека само 4 проценти се целосно имунизирани, според Министерството за здравство.

Министерката Каролина Дариус објави дека целта е „пред почетокот на учебната година, повеќето од оваа група да се вакцинираат”.

За целосна безбедност на наставниците, министерката за наука и иновации Дајана Морант рече дека се очекува владина одлука за третата доза на вакцината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот