Фејсбук

За шегата на Рама на сметка на Трамп, дипломатски одговор од Белата куќа

Албанската телевизија „Топ чанел“ пренесува реакција од Белата куќа по шегата на албанскиот премиер Еди Рама за претседателот Доналд Трамп, направена во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

На прашањето на „Топ њуз“, дали коментарите на Рама се сфатени во негативен контекст и дали ќе влијаат на билатералните односи, заменик секретарот за печат на Белата куќа, Ана Кели, дала целосно дипломатски одговор.

 „Претседателот Трамп направи повеќе за глобалната стабилност од кој било друг лидер во светот“, одговорила таа.

Шегата на Рама во присуство на двајца други лидери беше оценета како „мајтапење“ од некои од најпрестижните медиуми во светот, но самиот Рама го негираше тоа, велејќи дека радосниот момент бил превртен наопаку со злонамерна намера, објавија албанските медиуми.

Во видео кое веднаш стана вирално во многу медиуми, вчера, пред почетокот на самитот на Европската политичка заедница, во Копенхаген, се слуша како Рама, до кого е и Алиев, му вели на Макрон да се извини што не им честиташе на Албанија и Азербејџан за потпишаниот мировен договор.

Хумористичниот коментар на Рама следува откако претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во изјава на 18 септември, ја помеша Албанија, со Ерменија, па рече дека „завршил конфликтот меѓу Албанија и Азербејџан“.

На снимката, Рама му вели на Макрон, дека треба да се извини, а на неговото прашање: Зошто? – Рама одговара: Затоа што не му честитал нему и на Алиев, за постигнатиот мировен договор меѓу двете земји, додавајќи дека „претседателот Трамп работеше напорно, напорно, за овој договор“. Имавме 500 години конфликт“, на што Макрон одговара „жал ми е“, па сите заедно се смеат.

ВИДЕО | Еди Рама го „тролаше“ Трамп за грешката со војната меѓу Албанија и Азербејџан, Макрон се изнасмеа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот