Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

За првпат од 2017 година САД назначија пратеничка за човекови права за Северна Кореја

Американскиот претседател Џо Бајден ја на значи долгогодишната дипломатка Џули Тарнер за специјална пратеничка за човекови права во Северна Кореја, пополнувајќи го работното место кое беше празно за целиот мандат на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Џули Тарнер доаѓа на функцијата од местото директор на Канцеларијата за Источна Азија и Пацифик во Одделот за демократија, човекови права и труд на Стејт департментот, соопшти Белата куќа, додавајќи дека Тарнер зборува корејски и претходно работела на прашања за човековите права во Северна Кореја како специјален помошник во канцеларијата на пратеникот.

Местото на специјален пратеник за човекови права е празно од јануари 2017 година, односно од времето кога поранешниот претседател Доналд Трамп се обиде да воспостави односи со Пјонгјанг и трипати се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун. Ова доведе до смирување на тензиите меѓу двете земји, но не резултираше со долгорочен договор.

Амбасадорската позиција беше утврдена со закон од 2004 година за да се изврши притисок врз Северна Кореја, една од најавторитарните земји, за прашањата за човековите права.

Тензиите меѓу Северна Кореја и нејзиниот јужен сосед, САД и Јапонија, се зголемија во последните месеци поради рекордниот број лансирања на ракети од Пјонгјанг во 2022 година.

Во својот последен годишен извештај за состојбата со човековите права во Северна Кореја, Стејт департментот наведе значителни прекршувања, вклучувајќи масовно затворање и принудна работа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот